Monday, September 26, 2005

Пандев пак во голгетерска форма

Горан Пандев го постгна и третиот гол во сезоната во италијанското фудбалско првенство. Неговиот Лацио на Олимпико во Рим го совлада Палермо со 4:2.
Пандев беше во првиот тим на Лацио на мечот со Палермо, а погоди во 59-тата минута, во тој момент за израмнување на 2:2, на тој начин најавувајќи го пресвртот по водството на противникот на полувремето со 1:0, потоа и со 2:0.
Роки погоди двапати, Манфредини еднаш за Лацио кој со новите три бода има вкупно 10 и е во врвот на калчо-лигата. Пандев беше стрелец за Лацио и на предходните две средби на домашен терен, а денеска играше до 80-тата минута.

0 Comments:

Post a Comment

<< Home